BUMBIKS - біографія, альбоми, пісні, кліпи



Punk / Hardcore / Crossover


БУМБИКС…се:

Васко - Вокал

Заффо - Гитара

Круно - Бас

Даро - Тапани


Кога беше тешко помагаа:

Пенчо,Мате,Цевка - позадински вокал,Тони - кавал,Данко - тапани.



Бумбикс беше кросовер/хардкор бенд од Скопје кој што постоеше од 1994 се до крајот на 1999.За време на нивното постоење успеаа да издадат еден албум,насловен -Во Оазата на Мирот-можеби еден од најдобрите андерграунд албуми во Македонија тоа време и едно live bootleg издание на кое се наоѓаат песни од подоцнежниот период(може да се најде на youtube).По распаѓањето членовите на бендот продолжуваат да свират во други бендови

како:Васко: FxPxOx-RIP, Bernays Propaganda - present, ХА ХА ХА -present

Заффо: 2 Sides-RIP, SMUT, Генерал Штаб-RIP (со кој има издадено едно ЕР за тогашниот фанзин Corcordis)… и прeд крајот на 2000-те односно 2007-а, год. има свирено во еден анонимен бенд кој се вика Vanity fair,-RIP, kој набрзо го напушта поради приватни причини.

Круно: продолжува да се занимава со музика и станува член на тогашните Верка, и денес постоечкиот реге/ска/џез бенд CANON, каде го завзема местото како главен вокал.

Даро: продолжува да свири бубњеви со Суперхикс се до денес, и се занимава со дејност од областа на филмот и театарот.

Сите наведени членови освен Заффо, продолжуваат да се занимаваат со музика дури и да заработуваат од неа, како на пример Васко со неговиот матичен бенд Bernays Propaganda со кој прават турнеи, и настапуваат на различни фестивали низ цела Европа .

BOOMBYX во текот на нивното постоење прават повеке концерти, што групни, заедно со други бендови, како и неколку самостојни концерти, во Скопје во МКЦ danceing hall (мај 1997, февруари 1998 год.), и поранешното бифе на МКЦ 1996 год (еден во склоп на 103 фетус ) како и во Штип, во Домот на младите. Концертите се масовно посетени од страна на тогашната “underground“ публика.

Албумот “Во Оазата на мирот“ го снимаат во тогашното Profundus studio, јануари 1999 година. Албумот е снимен за еден ден (музичкиот дел) а вокалите се доснимувани и мастерингот е правен за краток временски период, на што бендот искажува незадоволство на продукцијата на звукот на албумот, бидејки во тоа време немало соодветен продуцент кој работел со бендови од таков карактер.

Live изданието е колаж на песни кои се снимани на различни концерти, и издадени во DIY формат.

При крајот на 1999 год. бендот се распушта и престанува со работа. Позбилни понатамошни обиди бендот да се реоформи, за сега не се забележани.



Bumbiks was a crossover/hardcore band from Skopje,Macedonia that existed from 1994 till the end of 1999.In the time of their existence they managed to record/release one album called -In The Oasis Of Peace-.Maybe one of the best underground albums in Macedonia at that time

http://www.facebook.com/pages/BUMBIKS/127080885854?ref=ts#/pages/BUMBIKS/127080885854?v=wall&ref=ts